КОШАРКА – ВНБА
Членката на клубот Феникс Меркјури, Дијана Таураси (41), стана првата кошаркарка во историјата на женската професионална лига на САД (ВНБА) на која ѝ успеало да постигне 10.000 коша во регуларниот дел од сезоната.
На Таураси, која е трикратна шампионка во ВНБА-лигата и петкратна носителка на златен медал за САД од ЛОИ, ѝ беа потребни 18 поени за да го достигне овој несекојдневен рекорд, кој таа, пак, го реализираше по триумфот над Атланта Дрим (91-71), постигнувајќи дури 42 поена.
Според пишувањето на ЕСПН, Таураси е највозрасната кошаркарка во ВНБА што завршила меч со најмалку 40 поени. Во НБА-лигата, единствениот кошаркар со повеќе од 40 поени на меч што имал над 40 години бил феноменалниот Мајкл Џордан, кој во 2003 година настапувал за Вашингтон Визардс. Г.И.