Фото: ЕПА

Во пресрет на последното петто коло по групи на ЕП, во нокаут-фазата не се пласираа репрезентациите на Чешка, Кипар, Белгија и Исланд

ПО ЧЕТИРИ КОЛА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА МАЖИ

Репрезентациите на Србија, Турција и Летонија (група А), Германија, Литванија, Финска (група Б), Грција, Италија (група Ц) и Израел, Полска, Франција (група Д) се пласираа во осминафиналето на 42. Европско првенство (ЕП), кое се одржува во Финска, Полска, Летонија и Кипар. Тоа е епилогот по четвртото коло, додека конечната слика ќе се знае по одигрувањето на последното, 5. коло во четирите групи. Во нокаут-фазата не успеаја да се пласираат Чешка (А), Кипар (домаќин на група Ц)), Белгија и Исланд (Д), од кои само Белгија забележа една победа, а другите ниту една. Петтото коло по групи се играше вчера (А и Б) и денеска (Ц и Д).
Во групата Ц (Лимасол), Италија славеше над Шпанија со 67-63. Победата може да се смета за доминација над четирикратниот европски шампион, кој загуби само пет пати во досегашните 20 средби од Шпанија, вклучувајќи ги и победите во 11 од последните 13 меча. Шпанија има резултат 2-2 и сè уште има тежок пат до осминафиналето. Слободните фрлање на Серхио де Лареа на 14 секунди до крајот се покажаа како решавачки. Мохамед Диуф постигна 14, а Џампаоло Ричи 11 поени кај Италија, додека Санти Алдама 19 кај Шпанија.

Грузија го декласираа Кипар со 93-61 и во последното коло ќе го реши прашањето за пласман во нокаут-фазата во директен дуел со БиХ. Торнике Шенгелија беше најефикасен со 27 коша, но Ѓорѓи Шермадини стана третиот стрелец на Грузија на сите времиња во историјата на ЕП. Тој уфрли шест поени и сега има вкупно 248 поени на 33 меча, со што го надмина Манучар Маркоишвили, кој има 246 во неговата кариера. Кипар го претрпе четвртиот пораз на ова ЕП и засега е единствениот домаќин што се збогува од втората фаза.
БиХ ја победи Грција со 80-77, која настапи без Јанис Антетокумпо поради повреда. Ова е прв пораз на Грција на ова ЕП, а сега може да го загуби првото место во групата ако загуби и од Шпанија во последното коло. БиХ до триумфот ја предводеше Џон Роберсон со 18 коша, има резултат 2-2, но може да не оди во нокаут-фазата ако загуби од Грузија во следното коло.

Во групата Д (Катовице), Франција ѝ го нанесе првиот пораз на Полска на ова ЕП со 83-76. Гершон Јабуселе уфрли 36 коша, што е негов рекорд на официјален меч за Франција. Џордан Лојд беше најефикасен кај Полска со 18 коша. И двете селекции, заедно со Израел и Словенија, се пласираа во осминафиналето, а кој ќе биде на првата позиција, ќе биде решено денеска.
Словенија го победи Исланд со 87-79 и со тоа обезбеди пласман во нокаут- фазата, благодарение на подобриот резултат во меѓусебниот дуел со Белгија, додека Исланд го претрпе четвртиот пораз. Лука Дончиќ ја предводеше Словенија со 26 поени, седум скока и четири асистенции. Израел ѝ го нанесе третиот пораз на Белгија со 92-89, која се збогува од нокаут-фазата. Првите четири селекции од четирите групи одат понатаму. Г.И.


Германија најефикасна

По четири одиграни кола на ЕП 2025, најефикасна репрезентација е Германија со вкупно 438 коша (во просек 109, 5 по меч), додека најмалку даде Кипар, 241. Германија има и најдобра кош-разлика од 134 коша, а најслаба Велика Британија, 136. Сите четири победи, односно осум бода реализираа Србија и Турција (А) и Германија (Б), додека радоста на триумфот уште не ја почувствуваа Чешка, Велика Британија (Б), Кипар (Ц) и Исланд (Д). Најефикасен коефициент на ефикасност од 37 отсто има Словенецот Лука Дончиќ, кој засега на ЕП води и по бројот на дадени кошеви, 125 на три меча (31,3 во просек) и 10 асистенции (3,3).


Група Ц
Резултати, 4. коло
Грција – БиХ 77-80
Кипар – Грузија 61-93
Италија – Шпанија 67-63
ТАБЕЛА
Грција 4 3 1 7
Италија 4 3 1 7
Шпанија 4 2 2 6
БиХ 4 2 2 6
Грузија 4 2 2 6
Кипар 4 0 4 4
Двојки 5. коло (денеска): БиХ – Грузија (14 ч.), Италија – Кипар (17.15), Шпанија – Грција (20.30)

Група Д
Резултати, 4. коло
Белгија – Израел 89-92
Исланд – Словенија 79-87
Франција – Полска 8 3-76

ТАБЕЛА
Израел 4 3 1 7
Полска 4 3 1 7
Франција 4 3 1 7
Словенија 4 2 2 6
Белгија 4 1 3 5
Исланд 4 0 4 4
Двојки 5. коло (денеска): Франција – Исланд (14), Израел – Словенија (17), Полска – Белгија (20.30)