Фото: „Нова Македонија“

НБА

Легендарниот тренер на НБА-клубот, Лос Анџелес лејкерс, Пет Рајли, ќе има статуа пред арената „Крипто ком“, односно поранешниот „Стејплс центар“, од 22 февруари. Лос Анџелес лејкерс ќе му оддаде почит на Рајли во натпреварот против лутиот ривал, екипата на Бостон. Статуата на Рајли ќе стои до статуите на големите играчки легенди на клубот, Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Коби Брајант.
Тој со Лос Анџелес лејкерс од 1981 до 1990 година освои четири титули. Тоа беше феноменален тим предводен од Карим и Меџик, кој секогаш форсираше брз напад со постојани контри. Лос Анџелес лејкерс имаше стапка на успех од 73 отсто кога Рајли беше на клупата, а тој победи на дури 102 натпревари како тренер во плејофот-дуелите.
Рајли беше играч на Лос Анџелес лејкерс од 1970 до 1975 година. Тој ги тренираше уште и НБА-клубовите Мајами и Њујорк. Со Мајами ја освои титулата во 2006 година. Г.И.