КОШАРКА – НБА, ФИНАЛЕ

Утринава (3 часот) почнува финалето на НБА-лигата помеѓу Голден стејт и Бостон, во 76-та сезона на најсилната кошаркарска лига во светот, на 75-годишнината од првата. Предноста на домашниот терен ќе ја има Голден стејт, кој ќе биде домаќин на првиот меч и на евентуалната мајсторка во седмиот натпревар. Се игра до четири победи.
НБА неодамна објави дека шампионскиот трофеј „Лери О’Брајан“ е редизајниран, па, меѓу другото, неговата база сега се состои од два диска на кои се наведени имињата на сите претходни шампиони.
Бостон и ЛА лејкерс се рекордери во НБА со по 17 титули, а Голден стејт досега освои шест. Голден стејт и Бостон, кои меѓу себе играа и во финалето на НБА во 1964 година (4-1 за Бостон), сезонава се сретнаа двапати, секој тим победи на гостински терен.