КОШАРКА
Подготвителните натпревари на европските репрезентации во пресрет на годинашното континентално првенство за кошаркари почнуваат в сабота, според календарот објавен од Светската кошаркарска федерација (ФИБА). До 24 август се предвидени неколку десетици тест-средби. На 27 август почнува 42-то издание на европските првенства во кошарка (домаќини се Кипар, Финска, Полска и Летонија), со натпреварите Чешка – Португалија, Летонија – Турција, Србија – Естонија (група А), Велика Британија – Литванија, Црна Гора – Германија и Шведска – Финска (група Б), а следниот ден се мечевите Грузија – Шпанија, БиХ – Кипар, Грција – Италија (група Ц), Израел – Исланд, Белгија – Франција и Словенија – Полска (група Д). Актуелен европски првак е репрезентацијата на Шпанија, која во 2022 година ја освои својата четврта континентална титула. Н.М.