КОШАРКА – НБА-ЛИГА

Голден стејт израмни на 2-2 во победи во дуелите со Сакраменто во првото коло на плејофот во кошаркарската НБА-лига, со победата дома со 126-125. Водства со по два разлика, по 3-1, сега имаат четири тима, и тоа Њујорк (со Кливленд), Бостон (со Атланта), Денвер (со Минесота) и Феникс (со Лос Анџелес клиперс).
Синоќа се играа четвртите мечеви во дуелите Мајами – Милвоки (2-1) и Лос Анџелес лејкерс – Мемфис (2-1). Досега само Филаделфија по четири одиграни натпревари во првото коло на плејофот се пласира во второто коло, со триумфот со 4-0 во победи во дуелите со Бруклин. Н.М.