КОШАРКА – НБА, ФИНАЛЕ
Кошаркарите на Оклахома на свој терен израмнија на 1-1 против Индијана, славејќи со 123-107 во вториот натпревар од финалето на НБА-лигата. Кај Оклахома, Шеј Гилџус Александер имаше 34 поени, а Алекс Карусо 20 и Џејлен Вилијамс 19. Индијана во првиот натпревар од финалната серија што се игра до четири победи ја совлада Оклахома со 111-110. Третиот меч треба да се игра утре во Индијанаполис. Индијана не била во финалето од 2000 година, Оклахома се бори за златниот прстен првпат од 2012 година. Г.И.