Истата сезона ќе се воведе и правило за двајца домашни кошаркари
КОШАРКА – УПРАВЕН ОДБОР НА КФМ
На својата втора седница Управниот одбор (УО) на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), во своите простории, меѓу другите ги донесе следниве позначајни одлуки: именување на Марјан Илиевски за селектор на сениорската машка репрезентација; кооптирање на Аднан Шариќ како член на УО на КСМ; намалување на бројот на екипи учеснички во Првата лига (мажи) на 10 екипи, за натпреварувачка сезона 2026/2027; од натпреварувачката сезона 2025/2026 да испаднат три екипи од ПЛМ, една екипа од ВЛМ да обезбеди промоција во ПЛМ; пред одржувањето на домашниот куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2026“ да се одржи состанок со прволигашите за да се разговара за понатамошно намалување на осум екипи; за натпреварувачката сезона 2025/2026 во текот на целиот натпревар на терен да бидат присутни двајца домашни играчи. Правилото ќе важи од почетокот на натпреварувачката сезона до Суперлигата.
За дваесетина дена е најавен нов состанок на кој ќе се разгледува опцијата за формирање лига во која ќе играат играчи од 20 до 23 години. Новото раководство побара размислување од членовите на УО за промена на називот на Федерацијата, информираат од КФМ. Г.И.