КОШАРКА
- За претквалификациските дуели со Луксембург дома и со Азербејџан на гости, Шпанецот Жозеп Мариа Берокал смета на 16 кошаркари. Во групата А, по првите две кола водат Македонија и Луксембург со по четири бода, а по два бода имаат Р Ирска и Азербејџан. Победникот на секоја од четирите претквалификациски групи и најдобрата второпласирана репрезентација ќе обезбедат играње во квалификациите на настап на ЕП 2029
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Шпанецот Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот со 16 кошаркари на кои смета за претстојните натпревари од третото и од четвртото коло во претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година. За дуелите со селекциите на Луксембург (во Скопје, на 27 февруари) и на Азербејџан (во Баку, на 2 март), новиот предводник на сениорската репрезентација на Македонија смета на 11 кошаркари од седум домашни клуба и на петмина интернационалци.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а првиот официјален собир и тренинг е закажан за в понеделник, во салата „Градски парк“ и ќе биде од затворен карактер.
Во првите две кола од претквалификациите за ЕП 2029, репрезентацијата на Македонија забележа исто толку победи, и тоа на средбата со Азербејџан, дома, со 87-49, и на натпреварот со Република Ирска, на гости, со 88-76. Во групата А по првите два меча водат Македонија и Луксембург со по четири бода, а по два бода имаат Р Ирска и Азербејџан.
Победникот на секоја од четирите претквалификациски групи и најдобрата второпласирана репрезентација ќе обезбедат играње во квалификациите на настап на ЕП 2029.
Состав: Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Марин Петков, Андреј Маслинко (сите од МЗТ Скопје Аеродром), Стојан Ѓуроски (Куманово), Виктор Ефремовски (Работнички), Андреј Митревски, Лука Стојановски (Пелистер), Теодор Симиќ (Кожув), Виктор Ташовски (ТФТ Скопје), Амар Хот (Маџари 2023), Адем Мекиќ (Бора, Косово), Ваљмир Какруки (Сигал Приштина, Косово), Лејсон Зеќири (Башкими, Косово), Андреј Јакимовски (Тренто, Италија), Итан Хап (Сан Пабло Бургос, Шпанија). Г.И.
ГРУПА А
Македонија – Луксембург 27.2
Р Ирска – Азербејџан 27.2
Азербејџан – Македонија 2.3
Р Ирска – Луксембург 2.3
ТАБЕЛА
Македонија 2 2 0 175-125 4
Луксембург 2 2 0 184-167 4
Р Ирска 2 0 2 153-177 2
Азербејџан 2 0 2 139-182 2

































