Фото: ЕПА

Њујорк ја оствари својата прва победа на свој терен во оваа финална серија и намали на 2-3

КОШАРКА

Кошаркарите на Њујорк го намалија резултатот на 2-3 во победи против Индијана во финалето на плејофот на Источната конференција во НБА-лигата, откако славеа на домашен терен со 111-94 во петтиот натпревар од серијата прв до четири победи. Њујорк на тој начин ја оствари својата прва победа на свој терен во оваа финална серија и ќе се обиде да биде 14-ти клуб во историјата на лигата ако успее да направи пресврт во серијата, откако губи со 1-3. Њујорк до победата беше предводен од Џејлен Брансон со 32 коша, што беше негов 21. меч во плејофот во кој постигна најмалку 30 поени за својот клуб. Карл-Ентони Таунс уфрли 24, а Џош Харт 12 коша. Карактеристично е тоа што ниту еден клуб досега не освоил финале на конференција, откако ги изгуби првите два меча на домашен терен.
Индијана, пак, ја прекина серијата од шест победи на гостински терен и е на само една победа од пласман во големото финале на НБА, а второ во историјата на франшизата. Кај Индијана, прв стрелец беше Бенедикт Матурин со 23 коша, Паскал Сиакам уфрли 15, а Оби Таупин додаде 11 поени.
Како што е познато, Оклахома е првиот финалист во НБА-лигата, откако ја совлада Минесота со вкупни 4-1 во победи во Западната конференција. Г.И.