КОШАРКА
- Лас Вегас претходно немал НБА-тим, но има два тима во четирите главни професионални спортски лиги во САД и Канада, а Сиетл е домаќин на тимови во три од четирите главни лиги, во американски фудбал, бејзбол и во хокеј
Сиетл би можел да си врати НБА-тим откако одборот на гувернери на кошаркарската НБА-лига гласаше да се истражи додавање два клуба за проширување, а Лас Вегас е другата потенцијална локација, пишува „Би-би-си“. Сиетл суперсоникс се натпреваруваше во НБА од 1967 до 2008 година пред да биде преместен во Оклахома Сити и преименуван во Оклахома тандер откако франшизата беше купена од група со седиште во Оклахома во 2006 година.
Ако проширувањето биде одобрено, тоа би го зголемило бројот на НБА-тимови од 30 на 32. Лас Вегас претходно немал НБА-тим, но има два тима во четирите главни професионални спортски лиги во САД и Канада. Тимот од хокеарската НХЛ-лига, Вегас голден најтс, беше основан во градот од Невада како франшиза за проширување во 2017 година, а Рејдерс од НФЛ-лигата во американски фудбал се пресели таму од Оукленд во 2020 година. Тимот од бејзбол-лигата МЛБ Атлетикс, претходно со седиште во Оукленд, а сега игра во Сакраменто, ќе се пресели во Лас Вегас од 2028 година, пишува „Би-би-си“.
Сиетл е домаќин на тимови во три од четирите главни лиги, во американски фудбал, бејзбол и во хокеј. Н.М.































