Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА – ЕП ЗА ЈУНИОРИ

Машката јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години во неизвесен натпревар загуби од соодветната селекција на Бугарија со 87-90 на Европското првенство (ЕП) во Белград (Србија) и го освои 14-то место, што значеше и простување од дивизијата А, каде што досега настапуваше. Во последната минута македонските кошаркари не реализираа шут, по што Бугарите ја зачуваа предноста. Дарјан Димовски беше најефикасен кај Македонија со 29 поени, Никола Јаничиќ придодаде 19, Дамјан Данев 18, а кај Бугарите прв стрелец беше Ивајло Скрински со 20 поени. Дивизијата А ја напуштаат уште и селекциите на Шведска и на Белгија. Македонија беше во групата Ц, заедно со Литванија, Србија и со Грција, без победа, во дуелите за пласман загуби од Шпанија (38-92) и од Израел (73-85), а ја победи Белгија (81-72). Европски шампион стана Шпанија, која во финалето ја победи Франција (82-81), што е нејзин шести златен медал во оваа конкуренција, а трета е Италија. Г.И.