За пласман на ЕП 2025 репрезентацијата на Македонија треба да ја победи Естонија в петок на гости (најмалку со шест поени разлика), потоа и Полска дома в понеделник, но и да чека пораз на Естонија на гости во Литванија
КОШАРКА
Машката сениорска репрезентација на Македонија вчера попладне во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје требаше да ги почне подготовките за важните натпревари што следуваат за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава. Селекторот Александар Јончевски избра 16 кошаркари за двете средби, со селекциите на Естонија на гости и на Полска дома, на кој се и интернационалците од евролигашки екипи, Ненад Димитријевиќ од Милано и Ти-Џеј Шортс од Париз.
Првиот од двата дуела, на гости кај Естонците во Талин, е закажан в петок, а тој со Полска е три дена подоцна во Скопје (од 18.30 часот). Во согласност со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде што црвено-жолтите ќе го играат натпреварот со Полска, ќе одработат и неколку тренинзи, како и на денот на заминувањето за Естонија, утре, а во Талин ќе имаат уште два тренинга, пред натпреварот в петок (18 часот).
За пласман на ЕП 2025 репрезентацијата на Македонија треба да ја победи Естонија на гости најмалку со шест поени разлика, како и Полска (која како еден од кодомаќините игра надвор од конкуренција), но и да чека пораз на Естонија на гости во Литванија. При еднаков број бодови одлучува меѓусебниот дуел на репрезентациите. Г.И.
ГРУПА Х
Естонија – Македонија петок, 18 ч.
Полска – Литванија петок, 18 ч.
ТАБЕЛА
Естонија 4 3 1 307-294 7
Литванија 4 3 1 318-268 7
Македонија 4 1 3 304-321 5
Полска 4 1 3 301-347 5