Фото: ЕПА

Наградата за најкорисен играч во НБА гласачите ретко му ја доделуваат на ист играч во низа и поради тоа Леброн Џејмс има „само“ четири МВП-награди, освоени во пет сезони, потсетуваат од ЕСПН

СПОРЕД ЕСПН, ВО НОВАТА СЕЗОНА НА НБА-ЛИГАТА

До почетокот на новата сезона во НБА-лигата остануваат уште два месеца, а веќе почнаа прогнозите за тоа кој ќе биде идниот најкорисен (МВП) играч во лигата. Србинот Никола Јокиќ веќе има три МВП-награди во последните четири сезони, а и на ЛОИ во Париз покажа за каква класа на играч станува збор. Американскиот спортски канал ЕСПН сепак направи одредена прогноза за новиот МВП-играч на најсилната лига во светот и таа предност му ја даде на Лука Дончиќ. Словенецот одигра посебно феноменално минатата сезона, кога го предводеше својот тим Далас до финалето, па сега се верува дека ако продолжи да игра на тоа ниво, наградата не му бега. Заедно со него, најмногу шанси има Шај Гилџус-Александер од Оклахома, кој лани се најде на второто место, зад Јокиќ.
Според ЕСПН, нема да гласаат за Јокиќ оти тој наводно ги „уморил сите“, без разлика на маестралните игри. За најкорисен играч во НБА-лигата гласачите ретко му доделуваат награда на ист играч во низа и токму поради тоа Леброн Џејмс има „само“ четири МВП-награди, освоени во пет сезони. Се верува дека истото тоа ќе му се случи и на Јокиќ, колку и да игра добро, додека во првите пет кандидати за вредното признание, ЕСПН ги вброи уште Ентони Едвардс и Јанис Адетокунпо. Како што е познато, лани за најкорисен играч беше прогласен Џоел Ембид, што предизвика многу контроверзии во јавноста. Г.И.


Номинирани кандидати од ЕСПН за 2024/2025

1. Лука Дончиќ – 61 поен (48 отсто од гласовите
за прво место)
2. Никола Јокиќ – 40 поени (10 отсто)
3. Шеj Гилџус-Александер – 37 поени (24 отсто)
4. Ентони Едвардс – 15 поени (пет отсто)
5. Јанис Адетокунпо – 13 поени (пет 5 %)
6. Џоел Ембид – 8 поени (пет отсто)
7. Џејсон Тејтум – 5 поени (пет отсто)
8. Ентони Дејвис – 3 поени
9. Џа Морант – 2 поени
10. Кевин Дурант – 1 поен