Денвер нема победено во седмиот меч од плејофот од 2020 година
НБА – ПЛЕЈОФ, ПРВО КОЛО
Денвер не успеа да ја затвори серијата прв до четири победи откако на гости загуби од Лос Анџелес клиперс со 105-111 во шестиот натпревар од четвртфиналето во првото коло од плејофот, така што сѐ ќе биде познато по седмиот решавачки дуел, кој ќе се игра во Колорадо, на теренот на Денвер. ЛА клиперс до третиот триумф ги предводеа Џејмс Харден со 28 поени, осум асистенции и шест скока, Кавај Ленард со 27 поени, 10 скока и пет асистенции и Норман Пауел со 24 поени. Кај поразениот тим, Србинот Никола Јокиќ беше најефикасен со 25 коша, осум асистенции, седум скока, Џамал Мареј додаде 21 поен, осум скока и осум асистенции, Арон Гордон 19 поени… Денвер нема победено во седмиот меч од плејофот од 2020 година, кога го совлада токму ЛА клиперс во полуфиналето на Западната конференција.
Екипата на Њујорк се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако го совлада Детроит со 116-113 во шестиот меч од плејофот во рамките на првото коло. Микел Бриџис беше најефикасен со 25 поени, додека кај Детроит се истакна Кејд Канингем со 23 поени, осум асистенции и седум скока. Њујорк ќе игра во полуфиналето на Источната конференција против актуелниот шампион Бостон, кој, пак, го убедливо го победи во првото коло од плејофот тимот на Орландо со 4-1. Г.И.