Дуелите ќе бидат од големо значење за нас за она што следува понатаму, квалификациите за Европското првенство. Мислам дека ова ќе биде добра подготовка и треба да се претставиме во најдобро светло, вели Стојан Ѓуроски, крилото на македонската кошаркарска репрезентација
КОШАРКА – ТУРНИР ВО ТАЛИН ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛОИ 2024
Ни претстојат тешки натпревари бидејќи за противници имаме три исклучително силни репрезентации. Дуелите ќе бидат од големо значење за нас за она што следува понатаму, квалификациите за Европското првенство. Мислам дека ова ќе биде добра подготовка и треба да се претставиме во најдобро светло, вели Стојан Ѓуроски, крилото на македонската кошаркарска репрезентација.
Црвено-жолтите се подготвуваат во Скопје за настап на претквалификацискиот турнир во Талин (Естонија) од 12 до 15 август за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) в година во Париз. Македонија ќе се сретне со Израел, Чешка и со Естонија, а најдобрите две репрезентации ќе играат на фајналфор-турнирот во Полска, од каде што само победникот ќе настапи во квалификациите.
– Верувам дека можеме добро да се подготвиме и да го покажеме целиот наш потенцијал на турнирот во Талин – вели Ѓуроски, еден од најискусните во составот на репрезентацијата.
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) објави дека во значително променет состaв ќе биде репрезентацијата на Естонија, откако селекторот Јука Тоијала нема да може да смета Малик-Калев Котцар, Сим-Сандер Вене, Кристијан Китсинг, Јанари Јесар, Мартин Дорбек и Стен Сок. Естонија треба да одигра три тест-меча, два со Унгарија и еден со Финска. Н.М.