Србија предводена од Никола Јокиќ го совлада минимално домаќинот Летонија со 84-80, а притоа центарот на НБА-клубот Денвер постигна рекордни 39 коша во националниот дрес
ПО НЕКОМПЛЕТНОТО ТРЕТО КОЛО НА ЕП ВО КОШАРКА ЗА МАЖИ
Кошаркарските репрезентации на Србија и Турција од групата А и Германија и Финска од групата Б, се првите што обезбеди пласман во осминафиналето и со тоа ќе играат во нокаут-фазата по некомплетното трето коло на Европското првенство (ЕП), кое се одржува во Финска, Полска, Летонија и Кипар до 14 септември. Сите четири репрезентации забележаа по три победи и имаат максимални шест бода.
Србија предводена од феноменалниот Никола Јокиќ, во бучна навивачка атмосфера го совлада домаќинот Летонија со 84-80, а притоа центарот на НБА-клубот Денвер постигна рекордни 39 коша во националниот дрес, додавајќи плус 10 скока. Сепак, за Србите стигна и една непријатна вест, а тоа е дека капитенот Богдан Богдановиќ нема да може да настапува до крајот на турнирот поради повреда на задната ложа добиена на мечот со Португалија, па така, капитенската лента сега ќе ја понесе Стефан Јовиќ.
Во Тампере, селекцијата на Германија беше убедлива против Литванија славејќи убедливо со 107-88. Со овој триумф, Германците уште еднаш докажаа дека се меѓу главните фаворити за еден од медалите на ова ЕП.
Третиот и четвртиот патник во нокаут фазата се селекциите на Турција и Финска, кои се пласираа во осминафиналето по новите сигурни триумфи. Турција беше убедлива против Португалија (95-54), а во Тампере, пред 12.900 навивачи, домаќинот Финска со 20 коша разлика (85-65) ја совлада Црна Гора. Лаури Марканен беше најефикасен кај победникот со 26 поени, а решавачката предност беше видена уште во втората четвртина.
Возбудлив натпревар беше одигран и во групата Д, каде што во рамките на второто коло, селекцијата на Франција со пресврт ја победи Словенија (103-92). Не помогнаа ни 39-те коша на НБА-играчот Лука Дончиќ.
На натпреварот меѓу Италија и Грузија (78-62) беше исклучен крилниот центар на Грузијците, Торнике Шенгелија. Во оваа група Ц води Грција со четири бода, додека Франција и Полска по две одиграни кола имаа по четири бода во групата Д. Вчера се играа натпреварите од третото коло во групите Ц и Д. Г.И.
Група А
Резултати, 3. коло
Чешка – Естонија 75-89
Летонија – Србија 80-84
Турција – Португалија 95-54
ТАБЕЛА
Турција 3 3 0 6
Србија 3 3 0 6
Летонија 3 1 2 4
Естонија 3 1 2 4
Португалија 3 1 2 4
Чешка 3 0 3 3
Двојки 4. коло (денеска): Естонија – Турција (13.45 ч.), Португалија – Летонија (17), Србија – Чешка (20.15)
Група Б
Резултати 3. коло
Литванија – Германија 88-107
В. Британија – Шведска 59-78
Црна Гора – Финска 65-85
ТАБЕЛА
Германија 3 3 0 6
Финска 3 3 0 6
Литванија 3 2 1 5
Шведска 3 1 2 4
В. Британија 3 0 3 3
Ц. Гора 3 0 3 3
Двојки 4. коло (денеска): Шведска – Ц. Гора (12.30), Германија – В. Британија (15.30), Финска – Литванија (19.30).
Група Ц
Резултати 2. коло
Италија – Грузија 78-62
Кипар – Грција 69-96
Шпанија – БиХ 88-67
ТАБЕЛА
Грција 2 2 0 4
Шпанија 2 1 1 3
Грузија 2 1 1 3
Италија 2 1 1 3
БиХ 2 1 1 3
Кипар 2 0 2 2
Двојки 3. коло (вчера): Грузија – Грција, Шпанија – Кипар, БиХ – Италија
Група Д
Резултати 2. коло
Исланд – Белгија 64-71
Франција – Словенија 103-95
Полска – Израел 66-64
ТАБЕЛА
Франција 2 2 0 4
Полска 2 2 0 4
Израел 2 1 1 3
Белгија 2 1 1 3
Словенија 2 0 2 2
Исланд 2 0 2 2
Двојки 3. коло (вчера): Словенија – Белгија, Израел – Франција, Полска – Исланд