Фото: ЕПА

Разликата од плус 63 поени е втора најголема на европските првенства од 1969 година, кога поранешна Југославија ја победи Шведска со 115-43 (72 коша разлика)

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА МАЖИ

Продолжуваат возбудувањата на 42. Европско првенство (ЕП) во кошарка за мажи, кое се одржува во Финска, Полска, Летонија и Кипар. Во групите А и Б се одиграа натпреварите од 4. коло, во кое актуелниот светски шампион Германија ја декласира Велика Британија со 120-57. А за тоа најмногу придонесоа Тристан да Силва со 25, Денис Шрудер со 19 и Франц Вагнер со 18 поени. Кога ќе се соберат и претходните овдешни дуели со Литванија (107-88), Шведска (105-83) и Црна Гора (106-76), тогаш досегашниот вкупен просек на дадени поени по натпревар е 109,5 што е нов рекорд (врз база на резултатите по само четири меча). Но реално е да се очекува тој просек да се намали со оглед на силината на ривалите што ги очекува Германија во нокаут-фазата. Досега рекордот беше во сопственост на поранешниот СССР, кој во просек уфрлаше по 109,1 поени по меч на ЕП во 1985 година. Разликата од плус 63 поени е исто така втора најголема на европските првенства од 1969 година, кога поранешна Југославија ја победи Шведска со 115-43 (72 коша разлика). Денеска, во последното коло, Германија ќе игра со Финска за врвот во нивната група.
Нови победи во групата А остварија уште Турција против Естонија, Летонија против Португалија и Србија над Чешка. Во групата Б, пак, покрај Германија, славеа уште Црна Гора против Шведска и Литванија над Финска.
Пласман во осминафиналето од групата А засега обезбедија Турција, Србија и Летонија, а од групата Б, Германија, Литванија и Финска. Вчера на програмата беа дуелите од групите Ц и Д, во кои, пред одигрувањето на четвртото коло, пласман во нокаут-фазата имаа обезбедено Грција од групата Ц и Полска од групата Д. Секако, тој број ќе биде поголем по завршувањето на вчерашното коло. Првите четири селекции од четирите групи одат понатаму во втората фаза. Г.И.


Топ 5 просечни резултати на ЕП

1. Германија (ЕП 2025) 109,5 коша
2. СССР (ЕП 1985) 109,1
3. Југославија (ЕП 1985) 108,3
4. СССР (ЕП 1987) 103,1
5. СССР (ЕП 1981) 100,6

(Кај Германија е врз база на само четири меча)


Група А
Резултати, 4. коло
Естонија – Турција 64-84
Португал. – Летонија 62-78
Србија – Чешка 82-60

ТАБЕЛА
Турција 4 4 0 8
Србија 4 4 0 8
Летонија 4 2 2 6
Естонија 4 1 3 5
Португалија 4 1 3 5
Чешка 4 0 4 4
Двојки 5. коло (денеска): Естонија – Португалија (13.45 ч.), Чешка – Летонија (17), Турција – Србија (20.15)

Група Б
Резултати, 4. коло
Шведска – Црна Гора 81-87
Германија – В. Бри. 120-57
Финска – Литванија 78-81

ТАБЕЛА
Германија 4 4 0 8
Литванија 4 3 1 7
Финска 4 3 1 7
Црна Гора 4 1 3 5
Шведска 4 1 3 5
В. Британија 4 0 4 4
Двојки 5. коло (денеска): Црна Гора – В. Британија (12.30 ), Литванија – Шведска (15.30), Финска – Германија (19.30).