Кошаркарите на Куманово загубија од МЗТ Скопје со 60-73 (37-44), вечерва на домашен терен, со што го претрпеа шестиот пораз сезонава, во рамките на 13-тото првенствено коло.
Куманово пружи отпор само во првата четвртина (21-23), по што гостите доминираа и дојдоа до највисоката предност од 18 поени во 34-та минута (68-50), за рутински да го добијат мечот.
Најефикасни кај домашната екипа беа Горјан Марковски и Јован Црниќ со по 15 коша, додека кај МЗТ Скопје се истакнаа Бојан Крстевски со 20 и Ѓорѓе Милошевиќ и Кристијан Николов со по 13 постигнати поени.
Во наредното коло Куманово гостува кај Вардар во Скопје, а МЗТ Скопје го пречекува Пелистер. Т.Д.