Во второто коло од т.н. топ 16 фаза на Еврокупот, тимот од Бадалона го совлада Нантер со 95-90, а Димитријевиќ имаше 12 поени и осум асистенции
Шпански Хувентуд, во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, е чекор поблиску до пласман во четврт-финалето во кошаркарскиот Еврокуп. „Зелено-црните“ од Бадалона стигнаа и до втората победа во т.н. топ 16 фаза од ова натпреварување, откако ја совладаа дома екипата на француски Нантер со 95-90 и моментално се со максимални две победи во групата Е, колку што има и француски Монако. Уникаха и Нантер се без бодови.
Димитријевиќ на натпреварот имаше 12 поени (1/2 за три, 2/3 за два и 5/5 за еден поен) и со осум асистенции, за 27,34 минути минати на теренот.
Во првото коло Хувентуд беше подобар на гости од Уникаха со 95-86 (Димитријевиќ 13 поени, седум асистенции), а во следното коло од групата Е, на 26 јануари, го пречекува Монако. Г.И.