КОШАРКА – ЕВРОЛИГА

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Жалгирис со 70-58 во натпревар од Евролигата, а она што претставува куриозитет, е тоа што победата беше остварена без Шпанците да изведат слободни фрлања. Реал го дополни тоа со 48,3 отсто од ударите за два и за три поени (по 14 погодени од 29 шута), потоа имал дури 37 скока, што е и главниот пат до успехот. Ова е прва победа на Реал Мадрид по претходните два пораза во низа во ова натпреварување. Габриел Дек со 14 поени (4/5 за три поена) беше најефикасен кај Реал Мадрид, а кај Жалгирис, Паулиус Јанкунас со 13 поени и седум скока.