Работнички го совлада МЗТ Скопје со 92:74 во „вечното дерби“ на македонската кошарка.
Поради технички проблеми натпреварот не се одигра во Градски парк и беше одлучено дербито да се игра во Гостивар. Во салата „Младост“ на трибините не беше дозволено присуство на публика и натпреварот помина во празна атмосфера без навивачите на двете екипи.
Првите две четвртини од натпреварот двете екипи беа релативно израмнети и на полувремето заминаа со резултат 44:45 за аеродромци.
Во третата четвртина МЗТ успеа резултатски да се одлепи, а во последните десет минути влезе со предност од пет поени (59:64), а потоа поведе и со 59:67.
Но, Работнички реализираше неколку напади, ја подобри одбраната и резултатот го сврти во своја полза 71:69.
Во финишот МЗТ немаше сили да го издржи налетот на противникот и натпреварот заврши со конечни 92:74 за Работнички.
Шон Еванс беше најефикасен кај победничкиот тим со 19 поени и 12 скока, а Марко Симоновски за МЗТ реализираше осум тројки и постигна 24 поени.