Во основата на сето ова е конкурентноста, а тоа е мошне возбудливо. Ако тоа се намали или исчезне, тогаш не би го правел ова. Покрај тоа, да се гледа нова генерација играчи, кои имаат 19, 20, 21, 22 години, е предизвик и задоволство да се гледа како се развиваат, вели Попович, тренер на Сан Антонио

КОШАРКА

Долгогодишниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович, им се придружува на Лени Вилкинс и на Дон Нелсон во „Куќата на славните“, како единствени тренери што го достигнале подвигот со остварени барем 1.300 победи во кошаркарската НБА-лига. Тренерот на Далас, Рик Карлајл, го нарече Грег Попович тренер на векот неколку години наназад, а неодамна и велемајстор.
Попович (72) стана само третиот тренер во историјата на НБА-лигата што стигна до таа бројка по победата на неговите кошаркари над екипата на Чикаго (120-104) во саботата. Со тоа Попович влезе во елитното друштво, во кое Нелсон има 1.335 победи, а Вилкинс 1.332 триумфа во кошаркарската НБА-лига како тренер.
– Мислам дека во основата на сето ова е конкурентноста, а тоа е мошне возбудливо. Ако тоа се намали или исчезне, тогаш не би го правел ова. Покрај тоа, да се гледа нова генерација играчи, кои имаат 19, 20, 21, 22 години, е и предизвик и задоволство да се гледа како се развиваат. Тоа е големо задоволство за мене – рече Попович во почетокот на сезонава на прашањето зошто продолжува по 24 минати сезони на чело во Сан Антонио, пренесе интернет-страницата на НБА.