Американската кошаркарска НБА-лига ќе им дозволи на екипите во градовите каде се олеснети рестриктивните мерки да продолжат со тренинзите, на почеток – индивидуално, пренесуваат американските медиуми.
Иако продолжувањето на НБА делува далечно, се чини дека е направен првиот чекор.
Се уште не е дозволено колективно тренирање, а засега играчите ќе тренираат одвоено, во безбедни услови.
– Отворањето на центрите не го приближи датумот за враќање на лигата, за такво нешто е потребно време и да се гледа широката слика – изјави комесарот на НБА, Адам Силвер.
Џорџија, каде се наоѓа клубот Атланта хокс е една од сојузните држави каде рестриктивните мерки се олабавени.
Генералните менаџери на тимовите им предложија на водечките луѓе во НБА-лигата да им дозволат на повеќето играчи, доколку сакаат, да отидат во Атланта и да започнат со тренинзи.