Ѓорѓи Кочов повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Клубот и Кочов договориле спогодбен раскин на договорот. Отказот е последица на вчерашниот пораз од Академија ФМП.
– Двете страни се согласија дека се потребни промени во тимот, со цел да биде остварена целта, а тоа е атак на двете домашни пехари, како и борба за највисок пласман во АБА2-лигата – се наведува во соопштението објавено на клупската интернет страница.
Кочов на клупата на МЗТседна во април 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, откако неколку месеци претходно, во декември 2017 година, беше ангажиран како негов помошник. Тој ја освои шампионската титула во 2019 година.
МЗТ, информира дека со тимот, до именување на нов тренер, ќе работи првиот помошник на Кочов, Дарко Радуловиќ.