Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Словачка со 72-88 во последниот меч од претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, но и покрај тоа успеа да избори пласман во квалификациите како првопласирана на турнирот во Скопје. Победата им донесе понатамошен пласман и на Словаците, додека Швајцарија извиси.
Словачка имаше и 21 поен разлика во последната четвртина, пред Македонија со подобра игра и неколку тројки во завршницата да ја намали предноста на ривалот.
Кристијан Николов беше најефикасен кај Македонија со 17 поени, Адем Мекиќ постигна 16, а Бојан Крстевски 15.
Квалификациите за СП почнуваат во ноември, со што Македонија допрва треба да ги дознае ривалите.