Леброн Џејмс оцени дека на моменти неговите соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс претеруваат со тимската игра и треба да бидат малку посебични.
 
Против Јута „езерџиите“ направија 23 грешки, од кои пет беа на Леброн Џејмс, а против Орландо имаа 18 тимски грешки, при што една третина или шест од нив отидоа зад името на „кралот“.
 
– Понекогаш сме премногу несебични, јас се вклучувам и себе си во таа констатација. Ги гледам и им подавам на моите соиграчи, а понекогаш едноставно треба да ја задржам топката. Ние треба да го подобриме овој елемент на нашата игра. Знаеме дека не сме доволно добри – изјави Џејмс.
 
Тимот од Лос Анџелес има позитивен баланс по 19 натпревари – 11 победи и осум порази и е седми во Западната конференција. Лејкерси победија во седум од последните десет натпревари.