Во рамките на 21–то коло од првата кошаркарска лига кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на Блокотехна со 86:65 (47:29) со што и понатаму остана во трката за пласман во плеј офот.

Кошаркарите на Куманово со вечерашната победа над Блокотехна со 86:65 влегоа во мини успешна серија со што се вратија во игра за пласман на шестата позиција на табелата, односно разигрувањето во завршницата од првенството.

Што се однесува пак до вечерашниот натпревар тој се чини беше решен уште во првото полувреме кога домашните кошаркари направија солидна резултатска предност со позитива од +18 разлика (47:29) која што предност во продолжението со мудра и умешна игра успеаја да ја задржат се до крајот на натпреварот со што стигнаа до уште една многу важна победа.

Сега на кошаркарите на Куманово им преостанува само шансата за плеј офот да ја очекуваат од разврската од последното редовно коло кое што се игра веќе задутре, а во кое што за пласманот на шестата позиција на табелата ке одлучуваат исходите од натпреварите Фени Индустри – МЗТ и Шкупи – Куманово во кои што натпревари, шансите на екипите на Куманово и на Фени Индустри се речиси изедначени бидејки се очекуваат два интересни и неизвесни натпревари.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Куманово беа Бранислав Џекиќ со 19 и Игор Пенов и Филип Думиќ со по 12 кошови, додека пак во гостинската екипа на Блокотехна, Божо Думиќ со 22 и Марјан Младеновиќ со 15 постигнати кошови.

Во наредното последно редовно 22 коло од домашното кошаркарско првенство екипата на Куманово на гостински терен се среќава со екипата на КК Шкупи во Скопје.

Т.Д.