Во рамките на 9-тото коло од кошаркарската супер лига кошаркарите на Куманово синоќа како домаќини ја совладаа екипата на Блокотехна со 89:83 (51:42) со што ја забележаа и петтата победа во супер лигата.
Во натпревар во кој што и двете екипи влегоа како пласирани во фајнл форот поради што најверојатно тие синоќа во натпреварот влегоа малку порастеретени и полераксирано, победата овој пат и припадна на подобрата екипа на Куманово која што на крајот победи сосема заслужено со 89:83.
Домашните кошаркари добро го отворија вечерашниот натпревар и веќе во првата четвртина направија резултатска предност од плус единаесет коша (31:20 ) која што разлика со мудра и трпелива игра успеаја некако да ја одржат се до крајот на натпреварот со што стигнаа до уште една важна победа со која што само се зацврстија на четвртата позиција на табелата. Гостинската екипа на Блокотехна пак во последната четвртина се обиде да се врати во натпреварот, но и покрај тоа што ја доби последната четвртина (13:21) сепак на крајот немаше сили за целосен преврт и беше принудена со пораз да ја напушти спортската сала во Куманово.
Најефикасни кошаркари во победничката екипа на Куманово беа капитенот Марјан Јанески со 24 и Бранислав Џекиќ со 19 коша додека пак кај екипата на Блокотехна Седрик Бовен со 16 и Стојан Ѓуровски и Шакир Смит со по 15 постигнати коша.
Во наредното десетто (последно) коло од супер лигата екипата на Куманово на гостински терен се среќава со екипата на КК Гостивар.
Т.Д.