Кошаркарската НБА-лига сака клубовите да се подготват за играње на натпревари без публика доколку тоа биде потребно поради избивање на коронавирусот, но ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс Леброн Џејмс веќе порача дека нема да игра во празна арена, пренесуваат светските медиуми.
Раководството на најсилната светска кошаркарска лига испрати меморандум до клубовите давајќи им инструкции да се подготват за играње на мечевите без присуство без публика, како што е случајот во одредени национални спортски првенства во Европа.
– Ние да играме натпревари без навивачи? Не, тоа е невозможно. Јас нема да играм без навивачите. За нив играм. Играм за моите соиграчи и за навивачите. Затоа, ако се појавам во арена во која нема никој, нема да играм – категоричен беше кошаркарот познат под прекарот Кралот Џејмс.
Раководството на НБА-лигата претходно испрати соопштение во 10 точки до своите кошаркари, со кои би се намалила можноста да се заразат од коронавирусот. Кошаркарите се советуваат да избегнуваат поздравување со навивачи и со странци, да не земаат туѓи предмети при пишување автограми, како што се моливи, дресови, топки и слично.