Стари ривали и противници со нерасчистени сметки ќе се сретнат во првата рунда од НБА-плјефот, што стана познато откако ноќеска се одиграа последните натпревари од регуларниот дел од сезоната во најсилната светска кошаркарска лига.
На последните напревари кои одлучуваа за конечната состојба на талбелите, на Западот веќе од претходно шампионот Голден Стејт вориорс ја осигура првата позиција во конференцијата, Деневер со победа над Минесота во неизвесен натпревар успеа да го осигура второто место, и со тоа да закаже дуел од Сан Антонио спарс на Грег Попович. Иако се очекува сите наптревари да понудат одлична кошарка како што доликува на првата плејоф рунда во НБА, сепак дуелот на третопласираните Портланд трејл блејзерс со Демијан Лилард и шестопласираните Оклахома сити тандер со Расел Вестбрук и Пол Џорџ се смета за еден од најизрамнетите натпревари, кој се очекува понуди одлична серија. Последниот пар го сочинуваат четвртиот носител Хјустон рокетс и петтиот фаворит Јута џез.
На истокот, најдобар тим како и цела сезона се Милвоки бакс, кои во првата рунда ќе се сретнат со Детроит пистонс на дуото Блејк Грифин и Андре Драмонд. Сезонава одличните Репторс од Торонто ќе играат со Орландо меџик, третопласираната Филаделфија ќе се сретне со преродените Бруклин нетс, додека последниот пар, а можеби и најизедначен, се Бостон и Индијана.
Резултати
Индијана хокс – Атланта хокс 135-134
Мајами хит – Бруклин нетс 94-113
Орландо меџик – Шарлот хорнетс 122-114
Детроит пистонс – Њујорк никс 115-89
Чикаго булс – Филаделфија севентисиксерс 109-125
Голден Стејт вориорс – Мемфис гризлис 117-132
Оклахома сити тандер – Милвоки бакс 127-116
Далас маверикс – Сан Антонио спарс 94-105
Минесота тимбервулвс – Денвер нагетс 95-99
Јута џез – Лос Анџелес клиперс 137-143
Сакраменто кингс – Портланд трејл блејзерс 131-136
Две легенди заминаа во пензија
Две легенди на НБА-лигата го одиграа последиот натпревар во кариерата. Легендата на Далас маверикс Дирк Новицки и омилениот кај навивачите Двејн Вејд. Новицки, кој беше еден од клучните за титулата на Далас во 2011 година, со солзи пред неговиот последен натпревар, замина во пензија, додека Двејн Вејд во присуство на неговиот поранешен колега и најдобар пријател ЛеБрон Џејмс со 30 поени и трипл-дабл учинок ја заврши кариерата во дресот на Мајами хит, каде претходно освои три шампионски титули.