КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ
Лос Анџелес клиперс поведe против Денвер со 1-0 во победи во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во кошаркарската НБА-лига, откако убедливо славеше со 120-97. Клиперс, кој имаше шут од 57 отсто, а во текот на натпреварот и предност од 29 поени, беше предводен од Кавај Ленард со 29 поени. Кај Денвер Никола Јокиќ беше најефикасен со 15 поени и по три скока и асистенции. Вториот натпревар на програмата е ноќеска.
Торонто намали на 1-2 во дуелот со Бостон во полуфиналето на Истокот, победувајќи со 104-103, а решавачка беше тројката на О-Џеј Ануноби на половина секунда пред крајот, кој патем реализира 12 коша, 10 скока, три асистенции и две блокади.
Кајл Лаури го предводеше актуелниот шампион со 31 поен, осум асистенции и шест скока, а добро одигра и Фред Ванвлит со 25 поени и шест асистенции. Бостон го претрпе првиот пораз на претходните седум натпревари во плејофот. Четвртиот натпревар се игра утре навечер.