Македонската машка кадетска репрезентација за кошаркари до 16 години, ќе биде пред тежок предизвик на Европското првенство (ЕП), дивизија А, кое ќе се одржи во Скопје в година. Ждрепката, која беше влечена во германскиот град Фрејзинг (во сите младински конкуренции, мажи и жени), одреди црвено-жолтите да играат во групата Д заедно со традиционално силните селекциите на Шпанија, Италија и на Израел.
Ако ја поминат првата фаза (пласман од првото до третото место), македонските надежи ќе вкрстат со групата Д, каде што, исто така, се квалитетни репрезентации, Литванија, Хрватска, Словенија и Данска.
Освен машките кадети, сите други македонски селекции (машки и женски) ќе играат во дивизијата Б. Македонските јуниори (кошаркари до 18 години) се најдоа во групата Д во Орадеа (Романија) заедно со домаќинот, потоа Летонија, Данска, Белорусија, Шведска и со Косово. Репрезентацијата до 20 години на ЕП во Тбилиси, Грузија е во групата Ц заедно со домаќинот, потоа Русија, Естонија и со Норвешка.
Женската кадетска репрезентација ќе игра во Сараево (17-26 јули), во групата Ц со Полска, Романија, Ирска, Словачка и со Косово, а на ЕП за јуниорки во Австрија (3-12 јули) Македонките се во групата Д заедно со Хрватска, Шведска, Естонија и со Бугарија.
ПРЕТХОДНИ ПЛАСМАНИ НА ЕП
СЕЛЕКЦИЈА МЕСТО ДИВИЗИЈА
Кадети (16 год.) 12 A
Јуниори (18 год.) 4 Б
Младинци (20 год.) 16 Б
Кадетки (16 год.) 22 Б
Јуниорки (18 год.) 21 Б