КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

Ноемвриските квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2022 година, машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе ги игра во Талин (Естонија), а женската во Рига (Летонија), одлучи Бордот на ФИБА поради пандемијата на ковид-19. Македонија ќе игра со Италија на 27 ноември, а против еден од главните конкуренти, Естонија, три дена подоцна. На првите две средби Македонија загуби, од Естонија дома и од Русија на гости. Првите три селекции од секоја од осумте групи, не сметајќи ги домаќините на ЕП, ќе се пласираат на континенталното првенство. Од групата Б, каде што е Македонија, на ЕП ќе играат најдобрите две селекции, не сметајќи ја Италија, која е еден од организаторите на ЕП, заедно со Чешка, Германија и со Грузија.
Во, Летонија пак, ќе се одржи ноемврискиот дел од мечевите во групата И, каде што кошаркарките на Македонија ќе играат со Хрватска на 12-ти и со Германија на 14 ноември. Домаќините на турнирите за февруарскиот дел од квалификациите, ФИБА треба да ги одреди во декември.