Легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дино Раѓа синоќа и официјално беше примен во американската „Куќа на славните“ во Спрингфилд.
Поранешната ѕвезда на Југопластика, Бостон селтикс, Југославија и Хрватска по Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002) и Мирко Новосел (2002) е четвртиот хрватски кошаркар кој стана дел од кошаркарската елита.
Раѓа на свеченоста, на која присуствуваше и неговата сопруга и синот, во обраќањето не успеа да ги задржи емоциите и заплака.
Тој им се заблагодари на сите со кои соработувал низ кариерата, но најмногу се осврна на релациите со Тони Кукоч, Дражен Петровиќ и Стојко Вранковиќ.
Неговиот говор неколкупати беше прекинат со громогласен аплауз.
Раѓа во „Куќа на славните“ го воведе поранешната ѕвезда на Бостон селтикс Лери Бирд.