Во рамките на шесттото коло од кошаркарската супер лига кошаркарите на Куманово синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на МЗТ Скопје со 101:95 (44:54) со што ја забележаа и третата победа во супер лигата.

Во натпревар во кој што на двете екипи им припадна по едно полувреме на крајот победата и припадна на помотивираната домашна екипа на Куманово која што со оваа победа дојде на само еден чекор до пласманот во завршницата односно до пласман во фајнл форот.

Домашните кошаркари добро го отворија синоќешниот натпревар и веќе на почетокот уште во четвртата минута направија солидна предност од десет коша (14:4) по што гостите од Скопје набргу се созедоа и се вратија во натпреварот. Благодарение на поголемиот ростер на кошаркари на полувреме заминаа со позитива од плус 10 коша разлика (44:54), за да потоа во 32-та минута го постигнат и своето највисоко водство на натпреварот од 13 поени разлика (46:59). Но потоа домашните кошаркари помогнати од домашната публика и благодарејќи пред се на ударите за 3 поени (постигнаа вкупно 16 тројки) резултатски се вратија во натпреварот и по 30 минути резултатот беше во егал (72:72), по што двете екипи во последната четвртина влегоа со подеднакви шанси за победа. Во последната четвртина која што речиси помина во крајно неизвесна и изедначена игра дури на крајот во последните две минути екипата на Куманово успеа да направи предност од шест поени (96:90) кои што сепак успеа некако да ги сочува до крајот и да стигне до една голема и тешка победа која што засега ги остава на четвртата позиција на табелата која што ширум им ги отвора вратите за пласман во фајнл форот за што во преостанатите четири кола им е потребна само уште една победа.

Најефикасни кошаркари кај екипата на Куманово беа Бобан Стајиќ со 22 и капитенот Марјан Јанески со 20 коша додека пак кај екипата на МЗТ Скопје, Стефан Синовец со 23 и Јуре Лалиќ со 16 постигнати коша.

Во наредното 7 –мо коло од супер лигата екипата на Куманово на гостински терен се среќава со екипата на АВ Охрид.

Т.Д.