Во петтото коло од кошаркарската супер лига вечерва кошаркарите на Куманово на домашен терен ја совладаа екипата на Гоствар со 77:71 (41:32) со што за уште еден чекор се доближија до четвртото место на табелата кое што води во завршницата или во таканаречениот фајнл-фор.
Во натпревар кој директно одлучуваше за пласман на четвртата позиција на табелата поради што истиот на некој начин беше и дерби натпревар на колото, кошаркарите на Куманово и овој пат ја надиграа екипата на Гостивар совладувајки ја со 77:71 со што направија голем исчекор кон освојувањето на четвртото место во супер лигата што за екипата воедно беше и зацртаната цел уште пред почетокот на првенството.
Натпреварот во поголемиот дел беше изедначен и крајно неизвесен, а екипата на Куманово уште во првата четвртина успеа да направи предност од девет коша (23:14), за да потоа по изедначената втора четвртина (18:18) гостинските кошаркари на Гостивар до крајот на третата четвртина успеаја да намалат на негатива од само два поени (52:50). И двете екипи во последната четвртина влегоа речиси со подеднакви шанси за победа.
Последната четвртина пак од натпреварот воедно беше најдобриот и најинтересниот дел од натпреварот, бидејки истиот беше одлучен дури во последна та минута или поточно во последните секунди. Во тие моменти екипата на Куманово покажа дека има карактер да се справи и во драматички и тешки моменти, па на крајот иако многу потешко од очекувањата сосема заслужено стигна до многу важна победа.
Најефикасни кошаркари на натпреварот кај Куманово беа Бобан Стајиќ со 17 и Мирко Ковач со 16 коша додека пак кај гостинската екипа на Гостивар, Диме Тасовски со 24 и Никс Наварион со 17 постигнати коша.
Во наредното 6-то коло во супер лигата екипата на Куманово повторно игра на домашен терен овој пат со екипата на МЗТ Скопје.
Т.Д.