Кошаркарите и раководството на Голден стејт вориорс ги добија шампионските прстени, кои се одликуваат со иновативен дизајн што овозможува менување на изгледот, во пресрет на нивниот прв меч од новата сезона во НБА-лигата, во кој славеа против Оклахома Сити тандер со 108-100. Стеф Кари со 32 поени и Кевин Дурент со 27 коша го предводеа првакот до триумф.
Горниот дел на прстените има можност за менување на изгледот со новиот дизајн. Седумдесет и четирите сафири на „сината“ страна ги претставуваат бројот на победите на тимот минатата сезона (вкупен број во регуларниот дел и во плејофот), додека има ист број и на дијаманти на „белата“ страна. Слоганот на „воините“ кој гласи „сила во бројки“ се забележува при вртење на горниот дел на прстените.
First reversible championship ring ever! Jason of Beverly Hills coming through with some innovative work in the championship hardware department. ?? #DubNation pic.twitter.com/wlxCXZQuQw
— Golden State Warriors (@warriors) October 17, 2018
„Воините“ ги добија прстените за освоениот трофеј од минатата сезона на свечената церемонија во полната арена „Оракл“, на која шампионските одличја беа спуштени кон паркетот со специјализирани жици.
На отворањето на сезоната Бостон селтикс беа подобри од Филаделфија севентисиксерс со 105-87. Кај Бостон предничеше Џејсон Тејтум со 23 поени, додека Гордон Хејворд забележа 10 погодоци, во неговото враќање по тешката повреда поради која ја пропушти минатата сезона.