Австралискиот НБА-центар на Феникс санс, Арон Бејнс (208 см), влезе во историјата на ова најквалитетно кошаркарско натпреварување. Имено, тој е првиот центар на кој му успеало на еден натпревар во НБА-лигата да постигне дури девет тројки, што е особено изненадувачки кога станува збор за кошаркар што игра на таа позиција. Бејнс (33) го оствари тоа во триумфот над Портланд (127-117), на кој реализира дури 37 коша и 16 скока, но уште поимпресивен беше начинот на кој дојде до овој историски резултат.
Имено, деветте тројки Бејнс ги постигна од вкупно 14 обида, нешто што може најчесто да се види кај бек или, пак, крило, а не играч од рекетот. Но во НБА-лигата, Бејнс сезонава (вклучувајќи го и мечот со Портланд), постигнал вкупно 54 тројки, што е повеќе од двојно во сите негови претходни сезони заедно.
Најмногу тројки во историјата во НБА-лигата досега прокнижил Џејмс Харден (261), но треба да се спомнат и одличните постигнувања на центрите Џерен Џексон (Мемфис, 135), Карл Ентони-Таунс (Минесота, 114), Макси Клебер (Далас, 102), Ал Хорфорд (Филаделфија, 83), Брук Лопез (Милвоки, 83), Никола Вучевиќ (Орландо, 81).