КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ
Кошаркарите на Атланта на свој терен го совладаа Милвоки со 110-88 во четвртиот натпревар од плејоф-финалето на Источната конференција во НБА-натпреварувањето и на тој начин успеаја да го израмни резултатот на 2-2 во серијата, прв до четири победи.
Одлично играше Богдан Богдановиќ, кој натпреварот го заврши со 20 поени (од кои шест тројки), четири украдени топки, што, пак, претставува негов рекорд во плејофот, а имаше и три скока и пет асистенции.
Лу Вилијамс првпат во својата кариера беше стартер во еден плејоф-натпревар и истиот тој го заврши како најефикасен со 21 поен, пет скока и осум асистенции, додека Кевин Хуртер и Клинт Капела постигнаа по 15 поени во редовите на Атланта.
Кај поразениот тим, Џру Холидеј уфрли 19 поени, а имаше и пет скока, девет асистенции, Крис Мидлтон даде 16, а Јанис Адетокумпо 14 коша, но поради повреда на коленото мораше предвреме да го напушти теренот во третата четвртина. Петтиот натпреварот се игра во петок наутро (2 часот и 30 минути).