Репрезентацијата на САД и покрај бројните откажувања на најголемите НБА-ѕвезди, и понатаму е главен фаворит за освојување на Светското првенство (СП) во кошарка во Кина кое почнува на крајот од овој месец.
Настапот на СП го откажаа сите најголеми ѕвезди во тимот на легендарниот Грег Попович, но јасно е дека Американците во Кина патуваат како фаворити, па така квотата за освојување на првенството е само 1.45 (со вложени 100, се добива 145 долари).
По екипата која е составена само од НБА-играчи, најголеми шанси за освојување на златниот медал има репрезентацијата на Србија со квота 4.5. Српската репрезентација во Кина патува со најдобриот можен состав, со пет играчи од најсилната лига на светот и поголемиот дел од познавачите сметаат ги гледаат во финалето.
Далеку зад САД и Србија се селекциите на Шпанија со квота 13, следува Грција со Јанис Антетокумпо (17), Франција (34), Канада, Литванија, Австралија (51), Аргентина (81)…
СП во кошарка започнува на 31 август.