Во 9-то коло од плејофот во кошаркарската супер лига кошаркарите на Работнички
попладнево како домаќини во Куманово загубија од екипата на Блокотехна со 89:90
(43:42) со што на крајот во разигрувањето од завршницата ке стартуваат од втората
позиција на табелата

Кошаркарите на Работнички денеска попладне на вториот натпревар како домаќини
во Куманово против екипата на Блокотехна не успеаја да победат и во еден интересен
и возбудлив натпревар во кој што победникот не се знаеше дури до последната
секунда загубија мунимално со 89:90, па сега разигрувањето од завршницата во супер
лигата ке го стартуваат од втората позиција на табелата и најверојатно за пласман во
финалето од звршницата повторно ке се сретнат со денешниот противник, екипата на
Блокотехна од Гевгелија. Што се однесува пак до попладневниот натпревар тој започна во знакот на домашната екипа на Работнички која што во првите 10 минути одигра максимално ефикасно и истата ја доби со 32:20 за да потоа во втората четвртина гостите од Гевгелија возвратат речиси со иста мера (11:22) по што на полувреме екипите заминаа со резултатот 43:42 за Работнички.

Во продолжението односно второто полувреме и двете екипи го одиграа во целосно
изедначена игра во која што победникот беше одлучен во трилер завршница дури во
самиот финиш во кој што гостите од Гевгелија на само 5 секунди до крајот при резултат од 89:88 за Работнички со многу голема спортска среќа на само неколку секунди до крајот со шутот на Данило Мијатовиќ успеаја да стигнат до победа од 89:90, иако спортски гледано попладнево победата да им припаднеше и на кошаркарите на Работнички ке беше истотака сосема заслужено.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Блокотехна беа
Кенет Фундербург со 31 и Брендон Пен со 23 кошови додека пак кај екипата на
Работнички Димитар Караџовски и Чавдар Костов со по 20 постигнати кошови.

Во наредното последно 10-то коло во плејофот од супер лигата екипата на Работнички
како домаќин игра со екипата на МЗТ а додека пак екипата на Блокотехна на
домашен терен ја пречекува екипата на Куманово.

Т.Д.