Торонто репторс го отпушти тренерот Двејн Кејси само по три дена од елиминацијата во плејофот на НБА лигата.
Торонто регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата од Источната конференција, но во полуфиналната серија загуби од Кливлен кавалирс со 4:0.
Од клубот соопштија дека ваквата одлука била неопходна.
– Двејн работеше за нашиот клуб, му благодариме и му посакуваме сè најдобро. Тој беше еден од клучните луѓе за креирањето на идентитетот на нашиот тим – наведуваат од Репторс.
Кејси седум сезони го водеше Торонто, а клубот во тој период оствари 320 победи и 238 порази, како и едно конференциско финале.