Лидерската улога на Леброн Џејмс (33) во Лос Анџелес лејкерс не се забележува само на паркетот, туку и настрана од тренинзите, за што доказ претставува изборот на музиката која тимот ја слуша, од страна на кошаркарската суперѕвезда.
Популарниот Крал Џејмс е љубител на Еминем, па така го уфрли новиот албум на познатиот рапер во музичката селекција која „езерџиите“ ја слушаат за време на подготвителниот период, во пресрет на новата сезона во НБА-лигата што почнува на 16 октомври.
Искусниот крилен кошаркар ја воведе тимската практика според која лејкерс слушаат исклучиво музика од бели изведувачи в среда, пренесува магазинот „Пипл“.
Медиумите истакнуваат дека музиката на тренинзите претставува обид за создавање на тимска хемија помеѓу кошаркарите, три месеци откако Џејмс му се придружи на клубот од Кливленд, заедно со уште неколку нови играчи.
Џејмс ќе дебитира за лејкерс против Портланд трејлблејзерс на 18 октомври.