Кошаркарите на Атланта хокс поведоа со 1-0 против Милвоки во финалето на плејофот на Источната конференција во НБА-лигата, откако на гости славеа со 116-113. Атланта, која ја предводеше Треј Јанг со 48 поени, 11 асистенции и седум скока, има шест победи и два пораза на гостувањата во плејофот сезонава.
– Кога одев во средно училиште, секогаш сакав да играм на гостински терен. Сакам да играм пред противничка публика, тоа ти дава чувство дека си со својата екипа, мислам дека тоа го сплотува тимот – изјави Јанг, кому му недостигаа уште два поена за да го изедначи својот рекорд во кариерата.
Вториот меч од серијата до четири победи се игра утре наутро, а одново домаќин е Милвоки. Во финалето на Западната конференција, Феникс водеи со 2-0 на дуелот со Лос Анџелес клиперс. Г.И.