Третиот ден од финалето на гранслем-турнирот во слободен (Фишеров) шах во Кејптаун (Јужна Африка) ги одреди завршните дуели, па, така, Норвежанецот Магнус Карлсен и Американецот Левон Аронијан се пласираа во финалето на последниот турнир од годинашната серија, откако победија во полуфиналните дуели. Узбекистанецот Јавокир Синдаров и Германецот Винсент Кејмер ќе се борат за третото место, Американецот Фабијано Каруана и Индиецот Арџун Еригаиси ќе играат за петтата позиција, а за седмото место ќе се сретнат Иранецот Пархам Магсудлу и Американецот Ханс Ниман.
Карлсен се пласира во финалето по тесната победа со 2,5-1,5 на дуелот со Синдаров, по возбудливите две тајбрејк-партии (пет минути, плус две секунди). Норвежанецот ја доби првата (со темпо 30 минути, плус 15 секунди), но Синдаров го израмни резултатот во втората. Карлсен го врати водството во првата тајбрејк-партија, но Синдаров израмни. А Норвежанецот на крајот, сепак, ја избегна потребата од одлучувачката армагедон-партија, добивајќи ја петтата партија, а со тоа и мечот со 2,5-1,5. Аронијан, пак, го победи Кејмер со 3-1.
Со пласманот во полуфиналето, на Карлсен и математички му се гарантира титулата на гранслем-турнејата за 2025 година, оти ниту еден друг шахист не може да го достигне неговиот вкупен број поени. Г.И.


































