Манчестер јунајтед стигна до рутинска 5-0 победа на гостувањето кај ЛАСК Линц во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа, правејќи голем чекор кон пласман меѓу најдобрите осум. Блиску до четврт-финале е и швајцарскиот клуб Базел по изненадувачката 3-0 победа кај Ајнтрахт Франкфурт, додека Башакшехир со гол од пенал во финишот на мечот стигна до 1-0 победа над Копенхаген во Истанбул.
Пред празни трибини на „Рајфајзен арената“ во Линц, „ѓаволите“ дојдоа во водство во 28. минута со фантастичниот гол на Нигериецот Одион Игало по уште поубавата асистенција од Бруно Фернандеш. По иницијативата на домашниот тим, Јунајтед го удвои водството преку Даниел Џејмс во 58. минута, пред Хуан Мата со соло акција во 82. минута да зголеми на 3-0, пред во финишот на мечот младиот Мејсон Гринвуд да зголеми на 4-0, а потоа Андреас Переира со гол од далеку во 94. минута да ги постави конечните 5-0.
Базел, пак, импресионираше при 3-0 победата на „Комерцбанк арената“, каде што необично ќе се игра и реваншот на овој дуел, откако Швајцарија официјално ги забрани сите спортски натпреварувања во оваа земја.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Башакшехир – Копенхаген 1-0
Ајнтрахт Франкфурт – Базел 0-3
ЛАСК Линц – Манчестер јунајтед 0-5
Олимпијакос – Вулверхемптон 21.00 ч.
Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен 21.00 ч.
Волфсбург – Шахтјор Доњецк 21.00 ч.
Севилја – Рома одложено
Интер – Хетафе одложено
ЛАСК ЛИНЦ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ – БАЗЕЛ
БАШАКШЕХИР – КОПЕНХАГЕН