Јужна Кореја ќе ги повика Северна Кореја, Кина и Јапонија да поднесат заедничка апликација за организација на Светското првенство во фудбалот во 2030 година.
Претходно, намерата заеднички да бидат домаќини на Мундијалот во 2030 година од европскиот континент најавија Велика Британија со Ирска, како и Шпанија со Португалија.
Од Африка таква иницијатива имаат Мароко, Алжир и Тунис кои планираат да достават заедничка апликација.
И од јужноамериканскиот континент има најава за здружена апликација за добивање на Мундијалот 2030. Станува збор за Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Од Јужна Кореја сакаат заеднички со Северна Кореја бидат домаќини и на Олимпијадата во 2032 година.