Попладнево во домашниот фудбалски шампионат се одиграа натпреварите од последното коло. Шкендија ја одбрани титулата и ќе игра во квалификациите во Лигата на шампионите, додека квалификации во Лига Европа покрај Академија Пандев ќе играат и Шкупи, односно Македонија ЃП. Беласица и Победа испаднаа од лигата, а бараж за опстанок ќе игра Силекс.

Попладнево најголемата драма се случуваше во Скопје на дуелот помеѓу Работнички и Шкупи. На „романтичарите“ им беше потребен и бод за да испорат пласман во европските купови, а на крајот доживеаја шокантен пораз.

Илиоски постигна го за Работнички во 84 минута, а потоа во интервал од три минути, во 89 и 92 минута, Устабаши успабаши постигна два гола за победа на Шкупи.

Резултати:

Ренова-Шкендија 3:2
А.Пендев-Вардар 1:1
Работнички-Шкупи 1:2
Победа-Македонија ЃП 1:3
Силекс-Беласица 2:1
Табела: Шкендија 79, Вардар 64, Академија Пандев 58, Шкупи 48, Македонија ЃП 47, Ренова 47, Работнички 46, Силекс 44, Беласица 38, Победа 23.