Фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија ја одбрани титулата во домашното првенство, откако по 32-рото коло стекна предност од 12 бода во однос на Вардар.

Шкендија во Скопје, минимално го победи Работнички 1-0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Тотре во 91-вата минута.

Вардар во ова коло гостуваше кај Шкупи и не успеа да победи. Во мечот кој заврши  2-2, Шкупи двапати водеше преку Сержињо и Бајрами, а Врадар се враќаше преку Жуниор и Мицевски.

Ова коло ќе се памети и по убедливата победа на Ренова над Победа со резултат 9-1.

Резултати:

Беласица-Македонија ЃП 3-1
Работнички-Шкендија 0-1
Ренова-Победа 9-1
Шкупи-Вардар 2-2
Силекс-Академија Пандев 3-0

Табела: Шкендија 72 бода, Вардар 59, Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 42, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 37, Беласица 34, Победа 23.